Милановиќ: Српската народна музика не треба да се забранува, но мене ми оди на нерви и од неа ме болат коските

Зоран Милановиќ
Зоран Милановиќ / Фото: Скриншот, Јутјуб

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја коментираше одлуката на градоначалникот на Пула, Филип Зорчиќ, да ги забрани концертите на народна музика во тој град. Тој како што рече не ја сака културата на забрана, но таа музика му оди на нерви и од неа го болат коските, објави Нова.рс.

Тој смета дека српските народни песни имаат своја публика и затоа не треба да се забрануваат, а како што рече половина ХДЗ ја слуша таа музика.

Градоначалникот на Пула рече дека таков вид на музика не одговара на нивниот дух, менталитет и на нивното поднебје.

Откако беше забранет во Пула, концертот на турбофолк ѕвездите Душко Кулиш, Драган Којиќ – Кеба, Ана Бекута и Зорана Миќановиќ нема да се одржи ни во хрватскиот град Осиек, каде што организаторите од продукцијата „Хилјадарка“ планираа да го преместат.

За разлика од Пула, каде што организаторите потпишале и договор за одржување на концертот, во Осиек не ни дошло до такво нешто. Градоначалникот на Осиек, Иван Радиќ смета дека таквиот тип музика е неприфатлив за градскиот простор.

Градоначалникот на Осиек: Концертот на Ана Бекута и Кеба нема да се одржи во нашиот град

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот