Милан има нов тренер, се чека Интер да даде зелено светло
Екипата на Милан лошо ја започна сезоната и по седум кола во Серија А има дури четири порази поради кои се наоѓа на 13. позиција со десет бодови помалку од лидерот Јувентус. Поради тоа, челниците на „Росоњерите“ се одлучија уште сега на драстичен потег, му дадоа отказ на тренерот Марко Џампаоло.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Наследникот на Џампаоло треба да биде Лучано Спалети но неговото именување зависи од градскиот ривал, Интер. Имено, Спалети на крајот од минатата сезона доби отказ од Интер но сè уште е под договор со „нероаѕурите“ и не сака да се откаже од 10 милиони евра. Интер на Спалети како отпремнина му нуди само три месечни плати покрај трите кои веќе ги доби оваа сезона. Тоа е неприфатливо за Спалети иако веќе ја прифати понудата на Милан, но не сака да се откаже од парите кои му ги должи Интер.
Поради тоа, клупските легенди кои се задолжени за преговори со наследникот на Џампаоло, Паоло Малдини и Звонимир Бобан веќе започнаа преговори со вториот на листата на желби. Доколку до денеска не дојде до договор помеѓу Интер и Спалети, тогаш ќе се започнат преговори со Стефано Пиоли кој работеше во Лацио, Интер и Фиорентина.


