Миколас Алекна го урна светскиот рекорд стар речиси 38 години во фрлање диск

Миколас Алекна, фрлање диск/фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Литванскиот атлетичар Миколас Алекна на натпреварот во Рамона, САД, го урна светскиот рекорд во фрлање диск, кој важеше од 1986 година. Алекна во неделата го фрли дискот до 74,35 метри, соборувајќи го рекордот од 74,08 метри поставен од германскиот атлетичар Јирген Шулт на 6 јуни 1986 година.

Рекордот на Шулт беше најстариот валиден светски рекорд во машка атлетика. Светската атлетика сега треба да го ратификува резултатот на Алекна.

Алекна е двократен освојувач на медали на светските првенства на отворено. Тој освои сребрен медал на Светското првенство во Орегон во 2022 година и бронзен медал минатото лето во Будимпешта.

Со овој резултат, овој 21-годишен Литванец сега е пред својот татко кој е на третото место на вечната ранг-листа. Виргилијус Алекна, двократен олимписки шампион, фрли диск до 73,88 метри во 2000 година.

Најстариот светски рекорд во атлетика останува во сопственост на Чехинката Јармила Кратохвилова. Во јули 1983 година, настапувајќи за тогашна Чехословачка, таа го постави светскиот рекорд на 800 метри, што е една минута и 53,28 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот