Михајловски и Самсоненко разговараа за иднината на Вардар

сергеј самсоненко
Сергеј Самсоненко, Фото: Архива

Почесниот претседател и поранешен финансиер на Вардар, Михајло Михајловски и сегашниот сопственик, Сергеј Самсоненко заедно со ракометарите одржаа состанок на кој им бил презентиран планот за спас на „црвено-црните“.

Михајловски најави дека до почетокот на фајнал фор турнирот во Келн ќе бидат познати сите детали околу финансирањето на екипата во иднина. Како и што се најавуваше изминатите неколку денови, Самсоненко е подготвен да остане прв човек на Вардар, ќе ги намали инвестициите, но затоа е најавен влез на неколку заинтересирани фирми и финансиери меѓу кои е и Михајловски, како би се креирал милионски буџет со кој Вардар би останал во врвот на европскиот ракомет.

Ракометарите кои веќе имаат потпишано договори со други екипи, ќе си заминат, а разговарано е со останатите, во најскоро време ќе започна преговори за нивно останување во екипата и за следната сезона.

Еден од ракометарите кои најавија дека ќе остане во Вардар е германскиот репрезентативец Дисингер, а покрај него се очекува да останат уште и капитенот Стоилов, Скубе, Дибиров, Недановски, Поповски и Горбок. Неизвесен е и статусот на тренерот Роберто Гарсија Парондо, кој минатата недела стана селектор на Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот