Мицкоски загрижен поради „стравичниот пад на економијата“

– Владата да го продолжи времетраењето на мерките за стопанството и во јули и во август.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изрази загриженост од како што вели „стравичниот пад на економијата”.  Тој во видео обраќање од Владата побара да го продолжи времетраењето на мерките за стопанството и во месеците јули и август.

Според него, параметарот што го детерминира растот на БДП во првиот квартал што вчера го објави Државниот завод за статистика покажува катастрофален низок раст на македонската економија во првиот квартал, што е малку над нулата или едвај 0.2 отсто.

Правејќи споредба со соседните земји, наведе дека соседна Србија книжи раст од цели 5 отсто, Турција од 4.5 отсто, Хрватска 0.4 отсто и Бугарија од 1.2 отсто.

Втор индикатор според него, што исто така загрижува е драматичното намалување на извозот во првите четири месеци од годината, а тоа најмногу се почувствувало во април.

-Падот во месец април изнесува цели 60 отсто на извозот, додава Мицкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот