Мицкоски контра Давитковски на Фејсбук: Не собира Мицкоски потписи, туку народот се крена, ви доаѓа крајот, па се вознемирувате
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се конфронтира со професорот од правниот факултет Борче Давитковски, кој изјави дека потписите против пописот, како дел од Граѓанската иницијатива на опозициската партија, што се собираат деновиве нема да важат.
Препорачано
– Не колега, ако можам така да те наречам. Не собира Мицкоски потписи, народот се крена. Ова се потписи на народот против таквите слуги на сите власти како тебе. Ви доаѓа крајот, па се вознемирувате. Ајде член на твоето семејство ќе остане уште малку да цица од нашите крваво заработени денари. Народот ќе продолжи да се бори и да собира потписи за да може да се ослободи од амебите во општеството. Ве разбирам, но не можам да ве оправдам, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Давитковски во изјава за ТВ 24 истакна дека нефомално собирање на потписи за поништување на Законот за попис не значи ништо.
– Ако сакаа да биде правно издржано требаше да одат согласно Законот, да собираат потписи преку подрачните единици каде што едноставно можеа да соберат одреден број, десет илјади потписи, за да може да се покрене законодавна иницијатива, вели професорот Давитковски за кого граѓанската иницијатива повеќе е „театрално однесување пред локалните избори“.


