Христијан Мицкоски/ Фото: Фејсбук

Мицкоски за евроинтеграциите: Ни прават булинг за да не напредуваме во ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски ги повтори позициите во поглед на евроинтеграциите, нагласувајќи дека сме на истата позиција како и пред 25 години и покрај тоа што сме го смениле името.

„Пред 8 години кога менувавме имиња и презимиња ни велеа дека сме ‘фронт ранери’. И кога ќе смениме име и презиме за 3-4 години сме во Европската Унија, тие 3-4 години изминаа пред 3-4 години. Кај сме ние денес? Онаму кај што бевме пред 25 години“, рече Мицкоски при увид на изградбата на спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.

Во однос на извештајот на Европската комисија, Мицкоски рече дека ни прават булинг.

„Да го смениме Уставот најдобри ќе бидеме и уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго, најдобри ќе бидеме, онака како што некој ни прави булинг и сака да ја стопира Македонија да напредува во Европската Унија“, рече тој.

Наместо да се приближуваме кон стандардот на ЕУ, ние се оддалечуваме, покажува Извештајот на Европската комисија

Тој беше прашан за коментар во однос на обвинувањата од СДСМ дека скандалот со Агенцијата за финансиска поддршка во земјодлеството води директно до врвот на власта, при што ги повика социјалдемократите да не се затскриваат зад прашања, туку да излезат со тврдења ако имаат докази.

„Ја повикувам опозицијата да не се затскрива зад прашања, туку да излезе со тврдења. Тие држат прес-конференции со прашања. Ако се толку сигурни во тие тврдења нека излезат и нека кажат: Замешан е Христијан Мицкоски, замешан е тој и тој, затоа што вака кукавички не оставаат впечаток. И нека ни помогнат, јас јавно повикувам, еве сите што имаат докази за злоупотрееба нека дојдат и нека ги достават тие докази за да можеме ние да делуваме“ рече Мицкоски и додаде дека се единствени како Влада, што кога ќе забележат „вакво дивијатно однесување“ веднаш реагираат.

„И тоа е вистинска борба против криминал и корупција и тие коишто се вмешани се таму каде што треба да се најдат“, додаде Мицкоски.

Претходно денеска од СДСМ го повикаа Јавното обвинителство да ја прошири истрагата за корупција во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и на други лица бидејќи, како што велат, информациите кои ги имаат отвораат сериозен сомнеж дека случајот со злоупотреби во ИПАРД-фондовите води директно до врвот на власта.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција рече дека премиерот Христијан Мицкоски ќе мора директно да одговори на неколку прашања, од кои првото што го наведе е: „Дали под истрага се неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви?“.

Директорот на Платежната агенција Стоилев и уште тројца осомничени за поткуп одат во притвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот