Мицкоски, министри Фото: Фејсбук

Мицкоски в недела ја свикал половина Влада за реформската агенда

Премиерот Христијан Мицкоски в недела ги свикал министрите Тимчо Муцунски, Александар Николоски, Орхан Муртезани, Сања Божиновска, Гордана Димитриеска Кочоска, Бесар Дурмиши и Стефан Андоновски за да ја разгледаат реформската агенда.

-На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распределба на одговорностите – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот додаде дека од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда мораме да ја завршиме домашната задача.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот