Христијан Мицкоски и Урсула фон дер Лајен / Фото: Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

Мицкоски пред Фон дер Лајен „ја истакнал решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата“

Премиерот Христијан Мицкоски, денес се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината балканска турнеја, а од Владата открија за што се разговарало.

„На средбата се разговараше за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација“, велат од Владата.

„Премиерот Мицкоски ја истакна решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Тој посочи дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности“, пишува

Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот