Мицкоски: И кога советниците ќе ги изгласаат програмите во Град Скопје ништо нема да се смени

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека нема ништо да се смени и доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги изгласаат програмите, поради што градоначалничката Данела Арсовска тврди дека состојбата во Скопје е ваква како што е и ги обвинува дека тие со своето негласање го блокираат градот.

Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замолам советниците кои доаѓаат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш на следната седница да ги изгласаат тие програми, ако е до програмите. Мислам дека добив информација дека на 29 август ќе има седница. Ќе ги замолам тие програми коишто Данела Арсовска вели дека не ѝ се гласаат да ги изгласаме и ќе видите дека ништо нема да се смени. Еве, да знаете дека ништо нема да се смени“, изјави денеска Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања поврзани со обвинувањата на Арсовска.

Според него градоначалничката е личност која создава непријатели, а не пријатели и тоа не е добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот