Фотографии: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI /

Мицкоски и Груевски продолжуваат со јавни прозивки: Жалам што се одлучи да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт

Преку Фејсбук статус, актуелниот претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му одговори на неговиот претходник и поранешен премиер Никола Груевски, продолжувајќи ја кавгата околу уставните измени.

Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам. Нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин: Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш – пишува Мицкоски на Фејсбук.

Тој порача дека нема да дозволи „да се заборават криминалите на оваа власт за да остане се подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина“.

Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018та, ова е друго време – додава Мицкоски.

Груевски бара докази од Мицкоски дека тој имал тајни разговори со власта за уставните измени

Како велеше, “вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе”, а вистината ја знаеме и јас и ти…, но изгледа ја знаат и други кои ја кажуваат изминативе денови јавно, помалку или повеќе гласно и јасно – пишува актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски за ФАЦ: Груевски и Владата имаат „валкан дил“, за да издејствуваат уставни измени

ДУИ будно ја следи поделбата во ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети дециден дека имало средби со Заев, Груевски и Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот