Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Груевски бара докази од Мицкоски дека тој имал тајни разговори со власта за уставните измени

Поранешниот и сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Христијан Мицкоски продолжуваат со остри тонови и полемики да се препукуваат преку медиумите и социјалните мрежи.  Груевски вечерва преку Фејсбук побара одговори од неговиот наследник за изјавата дека тој е во тајна комуникација со Владата која има за цел да ја подели ВМРО-ДПМНЕ.

-Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ, а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:

1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,

2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.

Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка, напиша Груевски на Фејсбук.

Мицкоски до овој момент се уште се нема јавно произнесено за интервјуто за ФАЦ за да ги образложи ставовите.

Во интервјуто Мицкоски кажа дека Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата на Ковачевски. Мицкоски, како што пренесува „Дојче Веле“, наведува дека „за да издејствува уставни измени,  владата подготвува валкани дилови“.

Според Мицкоски, Владата верува дека може да ја подели опозициската партија, но, како што истакнува, тоа нема да успее.

Мицкоски за ФАЦ: Груевски и Владата имаат „валкан дил“, за да издејствуваат уставни измени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот