ДУИ будно ја следи поделбата во ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети дециден дека имало средби со Заев, Груевски и Мицкоски

Али Ахмети Фото: Фејсбук Ахмети

Демократската унија за интеграција будно ја следи големата загриженост во редовите на ВМРО- ДПМНЕ и длабоките поделби што се појавуваат во битката меѓу интеграција и изолација, велат од ДУИ по кавгата помеѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

-Оваа внатрешна битка меѓу силите во ВМРО кои се залагаат за интеграција на земјата во Европската Унија и оние кои претпочитаат изолација се одвива на грб на државата и нејзините граѓани, но и преку злоупотреба на институциите, процесите во земјата, како и политичките партии и партиските лидери – велат од партијата на Али Ахмети.

Од ДУИ велат дека интервјуто Ахмети зборувал за преговарачкиот процес во Пржино и средбите со Зоран Заев и Никола Груевски за надминување на состојбите преку процесот на вистината и помирувањето.

-На овие средби на лидерите во Клубот на пратеници, кои се одржани со знаење на меѓународната заедница и партиските раководства, беше формирана работна група во состав: Оливер Спасовски, Никола Тодоров и Артан Груби. Додека, измените во Кривичниот законик првично беа побарани од страна на ВМРО-ДПМНЕ пред уставните измени за Договорот од Преспа. Потоа, КЗ беше барање и на новиот претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерските и билатералните средби, но по неговото оддалечување од поранешното раководство на ВМРО- ДПМНЕ и покрај согласувањето на СДСМ, тој се повлече од ова барање – велат од ДУИ.

Според интегративците, ниту државата, ниту граѓаните, ниту медиумите, ниту Американците и Европејците, ниту СДСМ и ДУИ не се непријатели на ВМРО- ДПМНЕ, туку сите прогресивни сили во државата се залагаат ВМРО да се откаже од својата изолационистичка политика и да станe дел од Европска Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот