„Ми кажа кој сопруг ѝ бил најдобар во кревет“: Легендарната модна дизајнерка проговори за сопрузите на Елизабет Тејлор
Блиска пријателка на Елизабет Тејлор открила досега непознати детали од љубовниот живот на легендарната филмска дива. Новата документарна серија на „Фокс нејшн“, „Елизабет Тејлор: бунтовна суперѕвезда“, чија извршна продуцентка е Ким Кардашијан, повторно го разбуди интересот за бурните романси на славната актерка.
Препорачано
Модната дизајнерка и долгогодишна пријателка на Тејлор, Вики Тил, во разговор за списанието „Пипл“ открила кој бил „најдобриот љубовник“ на актерката меѓу нејзините седум сопрузи.
„Без ни најмала дилема, љубовта на нејзиниот живот беше Ричард Бартон,“ рекла Тил, потсетувајќи се на турбулентната врска на парот што се запознал на снимањето на филмот „Клеопатра“ (Cleopatra) во 1963 година. „Во кревет, но и надвор од него, тој беше нејзиниот совршен партнер. Лудо се сакаа!“
Тил додала дека Тејлор била „многу забавна“ и „живеела со леснотија“.
„Беше навистина духовита. Имаше опуштен однос кон сексот. И мене многу ме научи. Ако се случеше нешто лошо, само ќе превртеше со очите, ќе се насмееше и ќе решеше да не се грижи. Секогаш се смееше и беше среќна. Таа беше многу, многу среќна личност,“ раскажала пријателката.
Се присетила и на емотивниот момент пред смртта на Бартон во 1984 година.
„Два дена пред да почине, Ричард ме повика и ми рече: ‘Кажи ѝ на Елизабет дека секогаш ќе ја сакам. Засекогаш и со целото срце.‘“
По неговата смрт, Тил ја посетила Тејлор во нејзината вила во Бел-Ер.
„Се капеше во када опкружена со рамки со нивни фотографии. Тоа беше како храм на нивната љубов“, открила таа.
Елизабет Тејлор во текот на животот била мажена седум пати – за наследникот на хотелски синџир Ники Хилтон (1950–1951), актерот Мајкл Вајлдинг (1952–1957), продуцентот Мајк Тод (1957–1958), пејачот Еди Фишер (1959–1964), Ричард Бартон (1964–1974 и повторно од 1975–1976), политичарот Џон Ворнер (1976–1982) и градежниот работник Лари Фортенски (1991–1996). Но токму нејзината врска со Бартон го обележа златното доба на Холивуд. Нивната страсна, но бурна љубовна приказна го шокираше светот, па дури и Ватикан, кој јавно ги осуди поради „еротско лутање“. Но нивната хемија била неодолива.
Бартон еднаш изјавил дека Тејлор била „најнепристапното и најфасцинантно суштество што некогаш го видел“, додека Елизабет признала дека се вљубила во него кога, мамурен и со раце што му се треселе, му подала шолја кафе на сетот на „Клеопатра“.
Нивната врска, започната додека двајцата биле во брак со други партнери, прераснала во една од најпознатите љубовни приказни во филмската индустрија. Парот се венчал во 1964 година, се развел во 1974, повторно се венчал во 1975 – и конечно се разделил во 1976 година.
„Го сакам Ричард со секој дел од својата душа, но не можеме да бидеме заедно. Премногу сме деструктивни еден за друг“, изјавила тогаш Тејлор.
Три недели пред смртта, Бартон му признал на братот: „Елизабет и јас никогаш навистина не се разделивме. И никогаш нема да се разделиме.“
Последното писмо што ѝ го напишал, Тејлор го чувала покрај својот кревет до крајот на животот.


