Метро во Варшава / Фото: EPA/ALBERT ZAWADA

Метро станиците во Варшава ќе се надоградуваат и ќе служат како бункери

Полска планира обемна модернизација на системот за цивилна одбрана, вклучувајќи и изградба на мрежа од бункери и воведување нови стандарди за градежна градба, во центарот на, како што се наведува, безбедносните предизвици што доаѓаат од Русија, пишува Фајненшл тајмс.

Новиот потег доаѓа во време кога се обидува Полска да ја зајакне својата цивилна инфраструктура поради стравувањата дека би можело да биде нападнато источното крило на НАТО во наредните години

Градоначалникот на Варшава Рафал Тшасковски објави планови за надградба на градскиот систем на метрото за да функционира и како масивно засолниште од бомби, додека Полска има цел да ја прошири својата одбранбена инфраструктура поради зголемените закани од Русија. Според планираното, од 2026 година полските инвеститори во повеќето нови згради ќе мораат да обезбедат простор за скривалишта од бомби. Мерката е дел од поширока реформа за цивилна заштита, а Варшава планира да издвои дополнителби 3,8 милијарди евра за таа намена, објави „Фајеншл тајмс“.

Градоначалникот најави во декември проект за претворање на метроата во скривалиште за речиси 100.000 луѓе. Планот подразбира опремување на подземните простори со креветчиња, вода за пиење и со ќебиња, со цел да се обезбедат основни услови за престој во вонредни ситуации.

Повеќето постојни скривалишта во Полска се изградени во текот на комунизмот и дека денес се во лоша состојба. Само околу илјада објекти се оценети како функционални, што е доволно за три отсто од населението. За споредба, скривалиштата во Финска можат да заштитат најмалку 80 отсто од граѓаните, па Полска, како што се наведува, има намера да го примени финскиот модел.

Паралелно со тоа, Варшава го забрзува развојот на противдронска одбрана. Заменик-министерот за одбрана, Цезари Томчик, изјави за „Гардијан“ дека на Полска ќе ѝ бидат потребни околу 24 месеци да воспостави полн капацитет против беспилотните летала. Почетните компоненти на таканаречениот ѕид против дронови на источната граница би требало да бидат оперативни во рок од шест месеци или пократко, со најава за развој на „невидлив штит“ за борба против дроновите.

Новиот потег доаѓа во време кога се обидува Полска да ја зајакне својата цивилна инфраструктура поради стравувањата дека би можело да биде нападнато источното крило на НАТО во наредните години.

Инфраструктурата за цивилна одбрана на Полска е идентификувана како особено критична област откако неодамнешната државна ревизија откри дека само 4 отсто од населението има пристап до засолништа во случај на напад и дека на многу постојни објекти им недостига основна опрема.

Полска, исто така, постави апликација што им овозможува на граѓаните да пронајдат засолништа во близина и започна доброволни курсеви за обука за прва помош и подготвеност за итни случаи, меѓу другото, за да ги зајакне капацитетите на земјата за одговор на кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот