Unsplash
Фото: Unsplash

Метод „3-2-1“ за најмеки свински ребра: Вториот чекор е клучен, месото само се одвојува од коската

Кога се подготвуваат свински ребра, најголемиот проблем е што често излегуваат суви и жилави. Како тоа да го избегнете? Многу едноставно, со помош на методот „3-2-1“, кој се однесува на три серии печење. За дополнителна „опрема“, потребна ви е алуминиумска фолија, но и трпение.

Методот „3-2-1“ подразбира дека ребрата треба да се печат 3 часа на вообичаен начин, потоа 2 часа да ги печете во алуминиумска фолија и уште 1 час извадени од фолијата. Клучниот дел е термичката обработка во алуминиумска фолија, која дополнително го омекнува месото, правејќи го и посочно.

Најпрво, во подготвените ребра треба да ги втриете зачините по ваш избор, па да ги ставите во рерна, така што коските да бидат на долната страна.

Печете 3 часа на 110 степени. Потоа завиткајте ги со алуминиумска фолија, водејќи сметка рабовите да бидат добро затворени. Вратете ги повторно во рерната, така што овој пат коските ќе бидат на горната страна. По 2 часа извадете ја фолијата и оставете ги во рерна уште еден час, со коските свртени надолу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот