МЕТЕО на УБ: Временската прогноза вели студено со снег

снег на планините, временска прогноза, метео
Снег на планините / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи претежно од снег, особено во источната половина од државава, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за сосема слабо проврнување на дожд и снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и студено со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот