Металург не застанува, ангажира второ засилување во два дена

Екипата на Металург се подготвиува за наредната сезона во ракометната Суперлига, и во последните два дена ангажира две засилувања кои имаат искуство од настапи во Лигата на шампионите.

По Момир Рниќ, денеска раководството на Металург го обезбеди второто засилување, црногорскиот репрезентативен пикер Бранко Канкараш, кој сезонава ја заврши во тимот на Мешков Брест.

Канкараш (32г.) во својата кариера има настапувано за екипите на Југовиќ, Металопластика, Војводина, турскиот Мерсин, француските Валанс и Истр, а последен клуб му беше Мешков Брест.

Во наредниот период раководството на Металург ќе се потруди да ги изненади нашите навивачи со нови квалитетни ракометари, со кои Металург ќе биде подготвен за борба во македонското првенство и во Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот