Мет Гала 2026 има ново раководство: Лорен Санчез и Џеф Безос ќе го спонзорираат најголемиот моден спектакл на годината
Милијардерот Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез беа најавени како главни финансиски покровиели на најголемиот моден настан Мет Гала 2026, а новинарката Ешли Мјур од „Индрпендент“ истражи што значи нивното вклучување за институцијата и како двојката ја користи шансата да навлезе во културната сфера.
Препорачано
Метрополитен музејот објави дека следната модна сензација ќе биде „овозможена“ благодарение на третиот најбогат човек на светот и неговата сопруга, кои се именувани како главни спонзори.
Во својата нова улога, двојката ќе надгледува сè – од поканите и логистиката до целокупната презентација на настанот. Иако најверојатно е дека сето тоа ќе биде визија на Лорен Санчез отколку на Безос. Поранешната новинарка се смета за клучна во трансформацијата на својот сопруг – од технолошки магнат во припадник на глобалната елита со елегантен имиџ.
Поразлична Мет Гала
Очекувањата се дека Мет Гала во мај ќе биде нешто сосема поразлично. Нивното именување ја нарушува традицијата главен спонзор да биде голема модна куќа – нешто што отсекогаш било суштински дел од идентитетот на настанот.
Како минатогодишен главен спонзор, Луј Витон доминираше на црвениот тепих облекувајќи ѕвезди како Сабрина Карпентер, Фарел Вилијамс и Зендаја. Модниот спонзор е важен за комуникацијата на визијата на темата, затоа соработката со основачот на Амазон изгледа неочекувано, особено затоа што најголемиот дел од Амазон нуди брза, евтина мода.
Инаку, парот има импресивна листа на контакти. На нивната венчавка во Венеција, проценета на 400 / 500 милиони долари, беа поканети Бил Гејтс, Опра Винфри, Леонардо Дикаприо, Иванка Трамп и Кардашијан. Можно е списокот на гости за Мет Гала да се прошири со имиња од политичките и бизнис-елити.
Наводно, тие го поддржаа Доналд Трамп на неговата инаугурација, а присуствуваа и личности како актерката Сидни Свини, што сугерира потенцијално поширок спектар профили на гости.
Какво значење има ова за уметноста и културата?
Мет Гала отсекогаш има длабоки културни корени, иако ја придружува холивудски сјај. Основана е во 1948 година како добротворен настан за Институтот за костим на Метрополитен музејот.
Со годините, особено под водство на Ана Винтур, прерасна во најочекуваниот моден настан, поважен дури и од Оскарите. Мет Гала е платформа за дизајнери, стилисти и креативци кои создаваат историски модни моменти.


