Мештаните го раскажаа масакрот: Тоа се сите наши деца, никогаш нема да ги преболиме

Полиција Младеновац, Србија / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Жителите на селото Мало Орашје во Младеновац, каде синоќа се случи убиство во кое загинаа осум лица, а 14 беа повредени, за српска „Нова“ велат дека се во шок поради трагедијата што ги снашла.

„Децата го организираа Ѓурѓовден ден претходно, поради денот на жалост. Тие сочувствуваа со своите врсници од Белград кои беа убиени и повредени во тој ужас. Одеднаш се појави тој млад човек и почна да пука. Децата побегнаа и врескаа, како што вели приказната, паднаа како покосени“, рекол еден од жителите.

Како што раскажал жителот, „сите тие деца биле многу добри, а убиецот како да направил список за да ги елиминира најдобрите“.

„Тука е убиено момче, брат му за влакно избегнал куршум. Ве молиме да ја разберете нашата болка и да ни дадете малку мир“, вели едно семејство.

Други жители велат дека ги разбудил звукот на сирените.

„Мојот син втрча во куќата и рече: „Тато, има истрели во близина на игралиштето“, потоа слушнавме сирени и видовме ротации. Црн облак се надвисна над селото, но и над нашата Србија. Тоа се сите наши деца, никогаш не можеме да го преболиме“, велат во селото.

Според известувачот на српска „Нова“ од местото на настанот, Урош Б., откако ранил неколку лица пред училиште во тоа село, се вратил да ги „автентицира“ жртвите, односно да ги убие. Ова го направил со оние кои давале знаци на живот откако биле застрелани.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Нова трагедија во Србија: Масакр во Младеновац, убиени 8 лица, 13 ранети, убиецот е во бегство

➡️ Уапсен убиецот од Младеновац во близина на Крагуевац

➡️ Објавена фотографија од уапсениот убиец од Младеновац

➡️ Српски адвокат објаснува дека ако убиецот нема над 21 година, не може да биде осуден на доживотен затвор

➡️ Објавени загрижувачки видеа и слики од социјалните мрежи на убиецот од Младеновац

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот