ВИДЕО | Нова трагедија во Србија: Масакр во Младеновац, убиени 8 лица, 13 ранети, убиецот е во бегство

Убиецот Урош Б. изврши масовно убиство кај Младеновац/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Синоќа во престрелкатa во селото Дубони кај Младеновац убиени се 8 лица, а 13 ранети. Убиецот е во бегство и трае потерата по него.

Страотен масакр се случи синоќа во Младеновац, 21-годишниот Урош кој ги застрела жртвите додека седеле на клупа е во бегство, а полицијата се уште трага по него.

Обвинетото лице бил во училишниот двор со другарите, се скарале, а потоа отишол до својот дом, земал најверојатно автоматска пушка и започнал со крвавиот пир.

Како што соопшуваат медиумите, напаѓачот од автомобил во движење, кој претходно го украл, пукал во минувачи, при што прво убил три лица – две машки и едно женско, а ранил девет. Меѓу повредените имало и деца.

Убиени се полицаец (20) и неговата сестра. Третото лице (21) им подлегнало на повредите по престрелката кај Младеновац.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Како што соопшти МВР, активирана е акцијата Вихор, а сторителот Урош М.(21) е во бегство и по него е распишана потерница. Сите расположливи патроли беа испратени во правец на Младеновац и Мали Пожаревац.

Урош Б.(21) во масакрот во селото Дубона кај Младеновац уби осум лица, а рани 13. По крвавиот пир побегнал од местото, а полицијата се уште трага по него. Во тек е опсежна потрага на теренот и по напаѓачот се трага со хеликоптери на српското МВР и термо снимачки камери, а на терен се донесени и полициски кучиња.

Осум лица кои беа повредени во пукотницата кај Младеновац и на кои им беше укажана помош во Ургентниот центар се во стабилна состојба. Во болницата Драгиша Мишовиќ има две повредени лица на возраст од 21 и 23 години, оперирани се, но нивните животи се уште се во опасност, јавува РТС.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Конференцијата на министерката за здравство Даница Грујичиќ е закажана за 7 часот и 30 минути, пренесува Телеграф.

Тие седеле таму и разговарале, тој им пришол и ги застрелал од ведро небо. Ги убил моите внук и внука, изјави за Блиц дедото на полицаецот Милан Паниќ и неговите сестри кои беа жртви на налудничавиот убиец Урош Б.

Според српските известувачи од местото на настанот, силни полициски сили се уште се на местото на злосторството.

Има и екипи за итни случаи. Се раздени во околината на Младеновац, специјалните единици почнуваат физички претрес на теренот, јавува репортерот на РТС. Периодот кога почнува да се разденува е проблем за користење термо камери.

Според неофицијални информации  од болницата во Смедерево, ноќеска таму биле пренесени 10 лица, од кои четворица им подлегнале на раните.

Три лица се оперирани, две се во стабилна состојба, додека едно е на операција, пренесува РТС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот