Месечен хороскоп за февруари: Знак што ќе се заљуби за цел живот, а овие ги очекуваат големи пари!

img alt
Што ни предвидуваат ѕвездите овој месец? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Дојде месецот на љубовта, месецот кога сè се вжештува и кога сè се гледа низ розови очила. А дали е навистина така, Ана Ракиќ Ѓуричиќ, дип. психолог и проф. астролог открива за српски „Блиц“ преку хороскопот за февруари.

Еве што велат ѕвездите, вака ќе изгледа месечниот хороскоп за февруари 2024 година:

Овен

Потребна ви е мудрост и дополнително трпение пред да ги презентирате вашите деловни планови пред колегите. Не можете да игнорирате нечие влијание или барања, без оглед на различните ставови за заедничките интереси. Сепак, големиот труд на крајот се исплати и тоа ќе ги покаже вашите деловни вештини или успех. Потрудете се подобро да го прилагодите своето однесување во љубовната врска. Нема потреба да ја критикувате саканата личност или да преувеличувате нечии маани. Мудро почекајте партнерот прв да проговори или да ви ги довери нивните дилеми. По искрен разговор и взаемна доверба, можете да донесете правилна одлука за идните планови.

Бик

Различните ставови или различната деловна ориентација во односот со соработниците делуваат како отежнувачки фактор и тоа се рефлектира во договорите и резултатите. Новите недоразбирања влијаат на вашата концентрација и професионалниот ангажман. Потребни ви се подобри услови за да ги постигнете вашите цели. Не сакате да исполнувате нечии барања без разумно и детално објаснување. Делувате загрижено во љубовната врска. Ненадејните промени во однесувањето на партнерот или големите изливи на емоции во вас предизвикуваат и дополнителен сомнеж. Се обидувате да разберете што се случува со саканата личност кога таа не се наоѓа во вашата близина. Немате целосен увид во нечие однесување и не сакате да прифатите споредна улога.

Близнаци

Деловната стратегија што ја спроведувате носи само делумни резултати, што не ви носи особено самодоверба пред соработниците. Бидете доволно промислени пред личност која може да ве окарактеризира на погрешен начин или да ги искористи вашите изјави во своја полза. Понекогаш е тешко да се заклучи кој и колку добива во деловната соработка. Не ви се допаѓаат емотивните предизвици, бидејќи многу работи што ги правите не се според стандардите или вкусот на саканата личност. На неформалните средби не успевате да привлечете нечие внимание, дури и со помош на заводничкио шарм и познатите „љубовни трикови“. Имате потреба да промените некој воспоставен ритуал во партнерската врска или да влијаете на текот на настаните, сакате да го разубавите вашиот интимен и љубовен живот.

Рак

Кога се среќавате со соработниците, често доаѓа до меѓусебна недоверба или скриени конфликти поради различни деловни интереси. Некој индиректно ве спречува да ги остварите вашите намери, поради што трпите одредена неправда или загуба. Нема потреба да изговарате погрешни зборови пред соработниците кои не ги познавате доволно, бидете мудри и воздржани. Почекајте поповолна можност за успешна акција. Ви треба некој емотивно да ве инспирира и расположи. Од саканата личност очекувате повеќе внимание и нежност отколку што добивате. Не го криете разочарувањето поради некои постапки и барате детални објаснувања. Понекогаш треба правилно да дозирате емоции и разум, страст и имагинација, а сето тоа во зависност од околностите или приликата во која се наоѓате.

Лав

Задоволни сте од новите информации кои кружат на деловната сцена, препознавате можна добивка или потенцијален успех. Се грижите да изгледате убедливо пред соработниците кои се сомневаат во вашите професионални и организациски способности. Не дозволувајте ситните интереси да ве натераат да направите почетна грешка и да изгубите нечија доверба. Добро испланирајте го секој потег. Чувствувате нов емотивен наплив и сакате да ги остварите своите намери, без оглед на повремените недоразбирања на околината. Партнерот има поинаква ориентација и делува несигурно, но верува во вашите добри намери. Задржете ја вашата самодоверба и оптимизам. Не можете да очекувате некој да ја прифати вашата животна визија или да ги почитува вашите потреби, ако вие не дадете добар пример.

Девица

Во согласност со вашите перфекционистички барања, изгледате загрижени поради нечии коментари, но првите впечатоци лесно можат да измамат. Треба вешто да се прилагодувате на различните деловни услови и да останете доследни на вашите намери. Не дозволувајте вашиот оптимизам и силна волја да ве изневерат. Кога се среќавате со колегите, искористете ги вашите најсилни адути. Имате впечаток дека вашиот партнер несериозно преминува преку некои важни настани. Понекогаш, различните погледи на нештата или настаните можат да доведат до раскинување на љубовта, но и да создадат нова можност за емотивно зближување. Со блиска личност сè може да се постигне и надмине на добар начин, дозволете правилната доза на мудрост, емоции и страст да ве доведе до заедничко љубовно решение.

Вага

Новите информации и настани на деловната сцена ги потврдуваат вашите амбициозни очекувања. Изгледате како многу да барате и подготвени сте да преземете водечка улога пред колегите. Важно ви е точно да ги дефинирате меѓусебните односи, правилата на однесување или поделбата на интересите во деловните преговори. Сакате да се изборите за најдобри можни деловни и финансиски интереси и услови. Водите активен социјален живот и со задоволство се појавувате на јавни места. Посакувате нови или необични емотивни контакти на различни страни. Она што на другите им изгледа тешко или невозможно, за вас е интегрирана варијанта на емоционална потврда. Во врската со саканата личност ве очекуваат пријатни промени и нови настани.

Скорпија

Наидувате на недоразбирање на околината и имате впечаток дека некој од соработниците не го цени доволно вашиот труд и посветеност. Понекогаш треба да прифатите потешки околности, за да ја елиминирате можноста за уцена или деловни контакти кои не ги задоволуваат вашите основни критериуми. Важно е правилно да ја насочите вашата креативна енергија преку работа или творештво, како и да се дистанцирате од личноста која дополнително ве оптоварува. Во љубовната врска се обидувате правилно да согледнете различни аспекти од однесувањето на партнерот, но не наоѓате задоволителен одговор. Нема потреба да се реагира врз основа на првиот импулс, туку почекајте да стивнат вжештените страсти. Доброто решение или вистината може да се види само од одредена емотивна дистанца.

Стрелец

Прифативте дополнителни обврски и активна улога во новите настани на деловната сцена. Треба да бидете соодветно информирани пред јасно да ги дефинирате вашите деловни интереси. Нема причина да ги форсирате своите цели пред соработниците, најдобро е вашите резултати да го илустрираат знаењето или способностите што ги поседувате. Понекогаш ви недостасува трпение и одредени дипломатски манири. Заборавете на лажните размислувања или на строгиот глас на разумот во љубовниот живот и следете ги своите чувства. Нема потреба да се впуштате во драматачни сплетки во друштво на саканата личност. Доколку сте слободни, одговорете спонтано на нечие додворување или на љубовен повик. Потпрете се на вашите чувства во согласност со емоционалната инспирација што ве следи.

Јарец

Се грижите да добиете детални информации за нови настани на деловната сцена и да влијаете на нечие мислење. Меѓутоа, тактиката на која инсистирате не секогаш носи позитивни резултати. Некој ве доведува пред свршен чин и индиректно ги отфрла вашите идеи. Избегнувајте ситуации за кои немате доволно знаење, професионални вештини или практично искуство. Се обидувате да ја промените улогата во љубовната врска, засега немате големо влијание врз мислењето или одлуките на партнерот. Премногу е рано да се направи проценка на однесувањето на блиска личност или сериозен заклучок за работи кои не се по ваша волја. Не ви се допаѓа да дознаете дека некој друг избира или одлучува во ваше име. Смирете ги своите страсти.

Водолија

Делувате афирмативно и имате слух за современи идеи кои можат да го унапредат вашиот деловен стил или професионално изразување. Во одлична можност сте да завршите низа корисни работи кои ќе ви донесат психолошко олеснување и добро материјално задоволство. Комбинирајте ги вашите деловни интереси со докажан тим кој ветува успешна и долгорочна соработка. Поради емоционална несигурност, повремено треба да го проверувате партнерот. Се обидувате да ги одредите сите сличности што постојат во емоционалната привлечност и разликите што ве оддалечуваат. Важно е заедниќки да одговорите на сите љубовни дилеми. Доколку сте сингл, некој ќе ве шармира со својот атрактивен изглед или необичниот стил на додворување.

Риби

И покрај сета ажурност и одговорност што ја изразувате, не можете целосно да ги задоволите сите ваши соработници. Некој ве убедува да продолжите со работата што сте ја започнале и да ги игнорирате придружните коментари или разни предупредувања. Повремено чувствувате недостаток на волја или концентрација при извршување на некои рутински задачи. Делувате воздржано и не сакате да ги надминете вашите деловни овластувања, затоа ја одложувате конечната одлука. Изгледа дека поминувате низ нов „љубовен самрак“. Ви недостасуваат поголеми изливи на емоции и страст во љубовната врска. Партнерот често отсуствува од за вас непознати причини, па ви го негира неговото емотивно внимание. Потајно посакувате да се оствари романтична средба или вашата „љубовна визија“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот