Меркел: Германија нема да толерира антисемитски протести

 Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека Германија нема да толерира антисемитски протести. Изјавите на германската канцеларка доаѓаат по протестите пред синагоги, во кои демонстрантите извикуваа антиеврејски пароли и палеа израелски знамиња поради ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

– Секој што напаѓа синагога или сквернави еврејски симболи, покажува дека не ја критикува политиката на државата или владата, туку ја поттикнува агресијата и омразата кон една религија и народот, истакна портпаролот на Меркел, Стефен Зајбер, додавајќи дека „нашата демократија нема да толерира антисемитски собири “.

ВИДЕО: Хаос и крвопролевање повторно во Ерусалим – зошто овој град е толку важен?

Според Германија, како што нагласи Зајбер, „истрелувањето ракети од страна на екстремистичкиот Хамас кон Израел претставува терористички напад”.

– Станува збор за терористички напади со само една цел, а тоа е неселективно убивање на луѓе и ширење страв, истакна портпаролот на Меркел, осврнувајќи се на ракетирањата на Хамас и додавајќи дека „Израел има право на легитимна одбрана од тие напади”.

Централниот сојуз на Евреите во Германија во средата побара подобра заштита на еврејските институции во земјата по палењето на израелските знамиња пред две синагоги.

Собири за поддршка на Палестинците се предвидени да се одржат утре во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот