Мерил Стрил / Џони Мичел / Фото: Profimedia

Мерил Стрип ќе ја глуми Џони Мичел во биографскиот филм за легендарната кантавторка

Мерил Стрип ќе ја игра легендарната кантавторка Џони Мичел во претстојниот биографски филм посветен на нејзиниот живот и кариера, кој ќе го режира Камерон Кроу, потврди музичкиот извршен директор Клајв Дејвис.

Дејвис ги потврдил гласините за кастингот на својата забава пред доделувањето на наградите Греми во саботата, пренесува музичкото списание „Ролинг стоун“. Минатата година, со проектот беше поврзана и актерката Анја Тејлор-Џој, која наводно требало да ја игра помладата верзија на Мичел, како и колешката на Стрип од филмот „Мама миа“ (Mamma Mia), Аманда Сејфрид.

Кроу, чиј најпознат филм е музичката драма „Речиси познати“ (Almost Famous), со години е поврзан со овој проект, а во 2023 година изјави дека се надева оти филмот ќе биде објавен пред 2026 година. Говорејќи пред три години, режисерот објасни дека , за разлика од поновите филмови фокусирани на кратки периоди од животот на Боб Дилан и Брус Спрингстин, овој филм не е базиран на биографска книга, туку на личното сведоштво на самата Џони Мичел за сопствениот живот.

„Ова е животот на Џони, не прикажан низ ничија туѓа призма. Тоа е нејзина перспектива. Станува збор за луѓето кои имале влијание врз нејзиниот живот – и оние што јавноста ги знае, и многу што не ги знае. А нејзината музика е исклучително филмска“, изјави Кроу.

Мерил Стрип и претходно доби две номинации за Оскар за улоги на музичари од реалниот живот: за виолинистката Роберта Гваспари во филмот „Музиката на срцето“ (Music of the Heart) од 1999 година, како и за насловната улога во филмот „Флоренс Фостер Џенкинс“ (Florence Foster Jenkins) од 2016 година, посветен на животот на ексцентричната аматерска пејачка.

ФОТО+ВИДЕО | Објавен трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“: Мерил Стрип и Ен Хатавеј се враќаат во светот на високата мода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот