Мемоарите на Мери Трамп: Измамите му се начин на живот на Доналд Трамп

Фото: EPA-EFE/Ron Sachs

Американскиот претседател и неговата фамилија пробале преку суд да го запрат објавувањето на мемоарите на Мери Трамп.

Внуката на американскиот претседател во својата книга пишува дека Доналд Трамп е „токсичен“, „чуден“ и дека „измамите му се начин на живот“, а дека го омаловажувал сопствениот татко кога почнал да пати од Алцхајмерова болест, пишува во соопштението за мемоарите објавени во понеделникот.

Со тоа соопштение на издавачката куќа „Simon&Schuster“ било најавено објавувањето на книгата „Премногу и никогаш доволно“ на 14 јули, наместо 28 јули, пренесува Хина, повикувајќи се на агенцијата дпа.

Американскиот претседател и неговата фамилија пробале преку суд да го запрат објавувањето на книгата.

„Голем интерес за книгата“

Издавачот објаснил дека го померил датумот за објавување на книгата за порано заради „голема побарувачка и исклучителен интерес“.

Крис Бастарди, портпаролот на Мери Трамп, рекол дека се прашува зошто претседателот на САД и неговата фамилија и понатаму се обидуваат да го спречат објавувањето на книгата.

„Обидот на претседателот на замолчи некое лице е последен во низата на проблематични потези кои веќе ја дестабилизираа поделбата на нацијата соочена со глобалната пандемија“, рекол Бастарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот