Мемеди: Вељаноски му даде предност на Ибрахими кој ја пееше албанската химна во Собранието

Веднаш штом почна да ја пее, видов дека Џеват Адеми и Артан Груби, кои седеа пред мене, се пријавија за збор и видов дека пратеникот Зеќирија Ибрахими, десно од мене, се пријави после нив, изјави Мемеди..

Поранешниот потпретседател на Собранието, Весел Мемеди, во своето денешно сведоштво пред Кривичниот суд за организацијата на нападите во законодавниот дом од 27 април 2017 година изјави дека тогашниот спикер Трајко Вељаноски во моментите на огромна тензија предност му дал на Зеќирија Ибрахими пред да ја пее албанската химна од говорницата, иако пред него за збор се јавиле двајца други пратеници.

– Се сеќавам убаво дека Крсто Мукоски се пријави да говори процедурално и ја пееше македонската химна. Веднаш штом почна да ја пее, видов дека Џеват Адеми и Артан Груби, кои седеа пред мене, се пријавија за збор и видов дека пратеникот Зеќирија Ибрахими, десно од мене, се пријави после нив. Откако Мукоски заврши со химната, претседавачот Трајко Вељаноски му даде збор на Ибрахими, иако другите се пријавија први. Се сеќавам и дека Џеват реагираше зошто му дал збор на Ибрахими кога тој се пријавил прв – изјави Мемеди.

Мемеди тврди дека станува збор за однапред смислено сценарио, затоа што, како што вели тој, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Димитар Стевананџија инсистирале да се молчи додека Ибрахими ја пеел химната за таа да може подобро да се слушне помеѓу учесниците на протестите пред да упадне толпата.

Обвинети за организацијата на настаните од 27 април, покрај Вељаноски, се уште екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот