Мелони на средба со Зеленски: Италија ја поддржува Украина
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Лондон се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, на маргините на лидерскиот самит што се одржува во Велика Британија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според соопштението на италијанската влада, средбата даде можност уште еднаш да се нагласи поддршката на Италија за Украина и за нејзиниот народ и за посветеноста, заедно со европските и западните партнери и САД, за градење праведен и траен мир, кој обезбедува иднина на суверенитет, безбедност и слобода во Украина.
-Благодарен сум на Италија за нејзината континуирана поддршка и соработка во воспоставувањето мир во Украина – рече меѓу другото украинскиот претседател
Володимир Зеленски рече дека се сретнал со италијанската премиерка Џорџа Мелони за да разговараат за заедничкиот акционен план за ставање крај на војната.
„Имав продуктивен состанок со претседателот на Советот на министри на Италија, Џорџа Мелони, за да се развие заеднички акционен план за завршување на војната со праведен и траен мир“, рече украинскиот претседател во објавата на Платформата X, додавајќи: „Путин е заинтересиран за продолжување и брзо враќање на војната. Затоа, важно е да се одржи единството околу Украина и да се зајакне позицијата на нашата земја во соработка со нашите сојузници – земјите од Европа и Соединетите држави. На Украина и треба мир поддржан од силни безбедносни гаранции. Благодарен сум на Италија за нејзината континуирана поддршка и соработка во воспоставувањето мир во Украина“.
Во Лондон се одржува самит на 15 лидери за Украина. Кир Стармер му рекол на Володимир Зеленски дека „сите сме на ваша страна“.


