Мелбурн во седумдневен карантин поради брзото ширење на коронавирусот

Мелбурн, Австралија / 06 август 2020 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Втората најнаселена сојузна држава во Австралија, Викторија, од денеска ќе биде во седумдневен карантин, со цел да се сопре брзото ширење на коронавирусот во главниот град Мелбурн.

Познато е дека низ државата има 26 активни случаи на коронавирус, од кои 11 нови, локално пренесени во изминатите 24 часа. Властите идентификувале повеќе од 10.000 примарни и секундарни контакти поврзани со најновото ширење, како и 150 места каде што имало големи групи луѓе, како стадиони.

„Здравствените експерти се многу загрижени колку брзо се шири индиската варијанта. Исто така, вакцинирањето се одвива побавно одошто се надевавме. Доколку повеќе луѓе беа вакцинирани, можеби ќе се соочевме со поинакви околности. За жал, не се“, изјави премиерот на Викторија, Џејмс Мерлино.
Според новите мерки, се затвораат сите несуштински продавници, а луѓето ќе смеат да излегуваат од дома само за неопходни работи. Забранети се собири, а патувањата се ограничени на пет километри од дома. Се воведува и задолжително носење маска.

Ова е четврти пат Викторија и Мелбурн да прогласуваат карантин од почетокот на пандемијата, при што најдолгиот траеше 112 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот