Мекларен им се извини на Норис и Пјастри за дисквалификацијата: Ова е разочарувачки…
Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, доживеаја кошмарен епилог на трката во Лас Вегас, двајцата беа дисквалификувани по завршувањето на трката.
Препорачано
ФИА соопшти дека казната следи поради технички прекршок, по што Норис и Пјастри останаа без освоените бодови. Според официјалното образложение, болидите на Мекларен го прекршиле членот 3.5.9 од техничкиот правилник, кој пропишува минимална дебелина на подната плоча од 9 милиметри.
Иако ФИА потврди дека неправилноста не била намерна, регулативата е јасна и единствена санкција е дисквалификација.
Овој развој на настаните му оди во корист на актуелниот светски шампион Макс Верстапен, кој сега му се доближи на Норис во пресрет на последните две трки од сезоната. Од Мекларен подоцна се огласија со извинување до своите возачи, прифаќајќи ја вината и жалејќи поради изгубените бодови.
„Им се извинуваме на Ландо и Оскар за денешната дисквалификација и загубените бодови во клучен момент од шампионатот. Исходот е разочарувачки, но остануваме фокусирани на последните две трки од сезоната“, соопштија од тимот.
Преземено од: Спорт.ком.мк


