Фото: mkd.basketball

Мекиќ: Важна победа за нас бидејќи, реално, не припаѓаме во ова друштво

Многу извесно, тројката која Адем Мекиќ ја реализира во моментите на одлука, ја потврди четвртата победа на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.

Претходно и тој се стави во служба на колективот кој успеа да анулира негатива од 18 поени, и да дојде до посакуваната цел – двата бода на гостувањето во Баку против Азербејџан.

Ова е исклучително важна победа за нас бидејќи, реално, не припаѓаме во ова друштво и мораме тоа да го докажеме на теренот.

Влеговме во грч, не отворивме како што посакувавме, едноставно ни недостасуваше енергија. Од друга страна, домаќинот, понесен од поддршката од трибините, почна силно, агресивно и брзо направи висока предност. Како што одминуваше времето, се навикнавме на играта, го свртевме резултатот во наша корист и ние го диктиравме темпото.

Да бидам искрен, малку опуштено влеговме во мечот. Можеби не залажа фаворитската улога и убедливата победа на домашен терен, но добро е кога добро ќе се заврши. Се надевам дека ова е клучна победа во овие претквалификации и дека конечно ќе продолжиме напред – се зборовите на Мекиќ.

Македонија е првопласирана со осум бодови, пред Луксембург со шест, а по пет имаат Ирска и Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот