Мекиќ беше нашиот најефикасен играч, Вајли со највисок индекс на корисност

Македонија ќе ги стартува претквалификациите за ЕП 2025 против Данска/Фото: kfsm.mk

Адем Мекиќ беше некако најекспонираниот играч во македонската сениорска репрезентација во четирите преквалификациски натпревари преку кои обезбедивме пласман во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Крилниот кошаркар одигра во просек по 34,5 минути по натпревар, доста повеќе во однос на Бојан Крстевски кој е вториот и последен кој на теренот поминуваше повеќе од 30 минути (поточно 31,6 минути).

Мекиќ е и нашиот најефикасен играч во овие мечеви, застана на просечни 15 поени по натпревар. Зад неговиот, се ефектите на Џејкоб Вајли (12,5) и на Бојан Крстевски (12,3). Тој е и трет скокач во репрезентацијата со просечни 4,5 скока.

Севкупно гледано, највисок индекс на корисност има Вајли, – просек од 17 индексни поени, пред Мекиќ кој има 14, и капитенот Бојан Трајковски со 12.

Американецот со македонски пасош е нашиот најдобар скокач, во просек реализираше по 7,3 скока по меч, а Бојан Крстевски има по 4,8.

Адем Мекиќ застана на просечни 15 поени по натпревар/Фото: kfsm.mk
Адем Мекиќ беше најефикасниот против Швајцарците на првиот меч/Фото: kfsm.mk

Кристијан Николов е нашиот најдобар асистент на турнирот во Скопје. Младиот бек во просек реализираше по 4,8 асистенции. Андреј Магдевски имаше една помалку, а Бобан Стајиќ уште по 3,3 додавања.

Но, најважен е крајниот резултат, а тој вели дека Македонија ќе игра во квалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година. И дека заслугите одат кај сите кошаркари кои беа дел од овој претквалификациски циклус. Кои ќе ни бидат противниците во групната фаза ќе стане јасно на 31 август, кога е закажана жрепката за квалификациските натпревари во осумте натпреварувачки групи.

Американецот со македонски пасош Џејкоб Вајли имаше просек од 17 индексни поени/Фото: kfsm.mk

НАЈДОБРИ ПОЕДИНЕЧНИ ЕФЕКТИ

ИНДЕКС НА КОРИСНОСТ

Џејкоб Вајли 17.0

Адем Мекиќ 14.0

Бојан Трајковски 12.0

ПОЕНИ

Адем Мекиќ 15.0

Џејкоб Вајли 12.5

Бојан Крстевски 12.3

СКОКОВИ

Џејкоб Вајли 7.3

Бојан Крстевски 4.8

Адем Мекиќ 4.5

АСИСТЕНЦИИ

Кристијан Николов 4.8

Андреј Магдевски 3.8

Бобан Стајиќ 3.3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот