Меѓу највлијателните жени во светот, има успешен брак и три деца, 24 златни статуетки и многу срушени рекорди, но и повеќе од 75 милиони продадени албуми – Среќен 39-ти роденден Бијонсе!

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Бијонсе е една од најнаградуваните и најбогати музичарки во светот, а со своите песни уште од почетокот на кариерата ги рушеше сите рекорди.

Фото: Инстаграм

Американска пејачка, текстописец и продуцент Бијонсе Жизел Ноулс Картер, попозната како Бијонсе денес го слави својот 39-ти роденден. Познатата пејачка со ангелски глас е родена на 4-ти септември 1981 година, а од самиот почеток на нејзината кариера ги сруши сите музички рекорди.

Фото: Инстаграм

Денес на своите полици таа има стотици музички награди и е една од најбогатите и највлијателните дами на јавната сцена. Бијонсе пораснала во Хјустон, а кога имала осум години со нејзината пријателка од детството Кели Роланд, се појавила на аудиција за женска музичка група, за подоцна да биде формирана и да го носи името „Destiny’s Child“.

Фото: Јутјуб

Првите големи музички успеси ги постигна кон крајот на 90-те како главен вокал на групата, која подоцна стана една од најуспешните женски групи на сите времиња. Со таа група, Бијонсе има продадено повеќе од 50 милиони копии на албуми ширум светот, додека како соло изведувач досега има продадено повеќе од 75 милиони албуми.

Фото: Профимедиа

„Survivor“, „Jumpin Jumpin“, „Say My Name“, „Bill Bills Bills Bills“ и „Independent Women“ се само дел од насловите на хитовите на женската група, со кои девојките ја освоија публиката ширум светот. Нивниот менаџер беше таткото на Бијонсе, но поради лошото водење на групата, тие ја прекинаа соработката со него.

Во 2001 година групата се распадна и членките започнаа со самостојни кариери, но само Бијонсе стана вистинска светска медиумска ѕвезда. Со првиот самостоен албум „Dangerously in Love“ во 2003 година го покори светот, а дури и денес креира огромни проекти и објавува многу успешни албуми.

Фото: Профимедиа

Врската со музичкиот продуцент Џеј Зи (50) ја започна откако тие двајца го објавија својот прв заеднички дует. Кратко по дуетот објавија дека се заљубени, а пред олтарот застанаа на 4-ти април 2008 година без присуство на медиумите. До средината на 2014 година заедно продадоа 300 милиони примероци на албуми ширум светот.

Кога го објави албумот „Lemonade“ и синглот „Sorry“ во 2016 година, Бијонсе потврди дека сопругот ја изневерил додека таа била бремена, но никогаш не откри за која жена станува збор. Токму со тој албум заработи милион долари, а сите проблеми ги надминаа заедно, па така денес се најмоќниот музички пар во светот.

Фото: Профимедиа

Во 2011 година на доделувањето на „MTV Music Awards” на крајот на својот настап потврди дека го чека своето прво дете со Џеј Зи, а кога се роди нивната ќерка и го дадоа името Блу Ајви (8). Шест години подоцна таа откри дека очекува близнаци, а подоцна им ги дадоа имињата Сир (3) и Руми (3) Картер.

Фото: Инстаграм

Да се потсетиме, Бијонсе е жена со најмногу номинации во историјата на Греми наградите, а на полиците има дури 24 златни статуетки.

Фото: Инстаграм

Воедно и најмногу пати е номинирана за „MTV VMA“ наградата, дури 24 пати. Во 2014 година таа стана најплатената афроамериканска пејачка во историјата, а магазинот „Time“ две години ја ставаше во листата со највлијателните љуѓе во светот.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот