Мега размена во НБА, Вестбрук оди во Вашингтон, Вол отсега ќе игра заедно со Харден

twitter/NBA Fantasy

Како што пишува ЕСПН, Хјустон рокетс и Вашингтон визардс се согласија да ги разменат своите суперѕвезди, Расел Вестбрук и Џон Вол.

По само една година Расел Вестбрук си заминува од Хјустон рокетс, а сега веќе неговиот поранешен соиграч Џејмс Харден во иднина покрај себе ќе го има Џон Вол кој по десет години си заминува од Вашингтон.

Вол досега во НБА играше само за еден клуб, Вашингтон визардс кој за да дојде до Вестбрук се согласи во Хјустон да ги испрати и правата на изборот од првата рунда од драфтот во 2023 година. Доколку Вашингтон нема висок избор на драфтот, Хјустон ќе го пренесе правото на избор за наредната 2024 година.


Двајцата кошаркари сакаа да бидат разменети и минатата недела постојано се зборуваше за оваа размена која дури утринава беше официјализирана. Расел Вестбтук кој по елиминацијата во плеј-офот и отказот на тренерот Мајк Дантони веднаш побара да биде разменет, додека Џон Вол беше незадоволен од игрите и статусот во Вашингтон бидејќи тимот не влезе во плеј-офот.

Со оваа размена и двата тима ќе се обидат да ги задржат своите први ѕвезди. Џејмс Харден наводно исто така бараше да си замине од Хјустон, додека на Бредли Бил идното лето му истекува договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот