Медведев го победи Мареј и ја освои титулата во Доха

Фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Данил Медведев без многу проблеми беше поуспешен против Енди Мареј во финалето на турнирот во Доха и славеше победа со 2:0 во сетови (6-4, 6-4).

Победата Медведев ја најави откако го отвори мечот со брејк, а многу брзо дојде и до уште еден за предност од 4-1. Мареј не се откажа и возврати со ри-брејк, имаше можност Британецот и за израмнување, но не ја искористи брејк топката. Во продолжение Русинот не дозволи изненадување и го приведе сетот кон крајот.

Слично како и во првиот, Медведев повторно отвори со брејк, а Мареј се врати во шестиот гем. Сепак, Медведев со нов брејк во деветтиот гем дојде до победата.

Титутлата во Доха за Медведев е 17-та во неговата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот