Паштета од лосос / Фото: Profimedia

Медитерански вкус — рецепт за паштета со димен лосос и шкампи

Морските ракчиња, познати како шпампи, совршено се комбинираат со аромата на димениот лосос, а за уште побогат вкус можете да додадете ароматично вино, како посув мускат, траминец или поинтензивен совињон, пишува „Пун куфер“.

Состојки

  • 100 г димен лосос
  • 150 г шкампи
  • 50 г крем-сирење
  • 30 г путер
  • 2 чешниња лук
  • 3 солени европски сардели
  • 2 лажици ароматично вино
  • 1 лажица сок од лимон
  • 400 мл маслиново масло
  • 1 лажица капари
  • сол и бибер
  • магдонос

Подготовка

Шкампите кратко избланширајте ги и исчистете ги. Потоа соединете ги со сите останати состојки и изблендирајте ги со рачен блендер додека не добиете мазна текстура на паштета.

Послужете ја со потпечени парчиња леб, кои претходно ќе ги премачкате со маслиново масло и ќе ги протриете со лук. Потоа исечете ги на помали парчиња и сервирајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот