Медицинска сестра плаче по 53 часа непрекината смена: Сликата крие ПОТРЕСИТЕЛНА приказна (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Вредна медицинска сестра од Тексас стана хит на интернет, откако нејзината сестра близначка сподели фотографија како таа плаче по посебно тешката смена.

Кети Дибари била сликана откако ја завршила својата четврта смена по ред.

„Тоа се околу 53 и повеќе часови работа за четири дена. Тоа не го вклучува 1,5 часот што таа е дневно во автомобилот. Обично не добива шанса да јаде ручек или да пие доволно вода. Таа е толку добра во тоа што го работи, што често заборава како да се грижи за себе додека води грижа за своите пациенти“, рекла нејзината сестра Лаура.

Може да се види како Кети плаче во униформа, кога конечно успеала да седне да одмори, во куќата на Лаура. Дури тогаш успеала да јаде нешто.

she's gonna kill me for this pic, but can we just give it up for nurses for a minute?•caty just wrapped up her fourth…

Publiée par Laura McIntyre sur Jeudi 10 octobre 2019

„Оваа слика е од јули, кога таа дојде во мојата куќа по посебно тежок ден. Таа породи мртвородено дете. Дали некогаш сте размислувале за тоа што се гледаат медицинските сестри? Тие гледаат голема радост во непречено породување на здрави мајки и бебиња. Тие ја гледаат паниката и анксиозност кога новата мајка се плаши. Тие гледаат тинејџерки кои раѓаат. Гледаат мајки наркоманки, кои раѓаат дете за време на криза. Гледаат дека доаѓа автомобил за погреб. Дали знаевте дека медицинските сестри мораат да организираат погребно друштво да дојде по бебето? Не знаев ниту јас.“ напишала Лаура во постот.

Лаура на крајот заклучила дека медицинските сестри се навистина посебни и дека пациентите и нивните фамилии се поважни од што знаат и самите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот