Ме врзуваше со кабли, ме удираше со камшик и ме бркаше со секира: Шокантна исповед на актерката од „Игра на тронови“ за злоставувањето од Мерилин Менсон

Фото: Профимедиа

„Се чувствував како негов затвореник. Доаѓав и си заминував кога тој сакаше. Контролираше со кого разговарам. Контактирав со семејството криејќи се во плакарот“, признава Есма…

Шармантната актерка Есма Бјанко, кој ја запознавме во хит серијата „Игра на тронови“, е уште една во низата девојки, кои го пријавија пејачот Мерилин Менсон за злоставување.

Фото: Инстаграм

Парот бил во врска од 2009 до 2011 година, а таа конечно собра сили да признае јавно дека Мерилин речиси ја уништил.

„Беше многу насилен, ме врзуваше со кабли, ме удираше со камшик. Се чувствував преплашено, но си велев самата на себе си: Менсон е само театрален. Ќе создадеме голема уметност“, истакна актерката и додаде:

Фото: Профимедиа

„Се чувствував како негов затвореник. Доаѓав и заминував кога тој ќе посакаше. Ме контролираше дури и со кого разговарам. Со семејството контактирав криејќи се во плакарот“, раскажа потресно актерката.

Постоеле денови кога со нож ја сечел по стомакот и тогаш таа била речиси сигурна дека ќе ја убие „Се сеќавам само дека лежев и не се борев. Беше тоа момент во кој го загубив секое чувство за надеж и сигурност“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Manson (@marilynmanson)

Есма побегнала од куќата на Менсон во јуни 2011 година додека тој спиел. На тоа му претходел инцидент кога тој со секира ја бркал околу куќата.

Да се потстиме, неколку жени досега го обвинија Менсон за сексуално злоставување, мачење и силување, а прва проговори неговата поранешна вереница Рејчел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот