Свадба / Фото: Архива на Слободен печат

Матичар од Слупчане регистрирал непостоечки брак – венчани се Албанец и Унгарка, ама тие не знаат

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 65-годишниот И.З. од селото Слупчане, општина Липково, поради сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според пријавата, во текот на 2023 година, И.З., во својство на службено лице – матичар, извршил упис на брак во матичната книга на венчани меѓу лице од Албанија и лице од Унгарија, иако таков брак воопшто не постоел.

При извршениот увид во книгата на пописни акти за 2023 година било утврдено дека не постои заведено барање за издавање извод од матична книга на венчани за двете наведени лица, со што било потврдено дека се работи за лажен упис.

Случајот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот