Матеус им става сол на раните: Драги Англичани, ги заслуживте траумите…
Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус изјави дека англиските навивачи ги „заслужуваат траумите„ по поразот од Италија во финалето на Европското првенство. Англија во финалето на Евро 2020 кое се играше на „Вембли“ во Лондон, загуби од Италија со 2:3 по подобро изведување на пенали, откако во регуларниот дел и продолженијата беше 1:1.
Препорачано
Нови лоши вести за Англичаните, УЕФА отвори истрага поради инцидентите на „Вембли“
Матеус во изјава за „Билд“ рече дека не е одушевен од однесувањето на дел од англиските навивачи.
– Англиските навивачи беа непријателски расположени кон девојче кое беше во германски дрес. Свиреа кога се интонираа химните на нивните противници, данскиот голман Каспер Шмајхел беше попречуван со ласер за време на изведувањето на пеналот кој Англија го доби по симулирањето на Рахим Стерлинг. На сето тоа додадете го расистичкото однесување кон сопствените играчи по финалето. Драги Англичани, тоа беше неспортско однесување кое повеќе не сакаме да го видиме. Жал ми е за фудбалерите, но вие заслуживте да имате трауми по загубеното финале на пенали – изјави Матеус.
Кога зборуваше за девојчето во германски дрес, Матеус мислеше на моментот кога англиските навивачи и се потсмеваа на навивачка на Германија која плачеше по поразот од Англија со 0:2 во осминафиналето. Дел од англиските навивачи, постојано го исвиркуваа интонирањето на химните на противниците, а дури и англискиот селектор Гарет Саутгејт бараше од нив да не ја исвиркуваат италијанската химна во финалето.
Нови лоши вести за Англичаните, УЕФА отвори истрага поради инцидентите на „Вембли“
УЕФА веќе ја казни фудбалската федерација на Англија со 26.000 фунти бидејќи еден навивач со ласер го попречуваше голманот на Данска Каспер Шмајхел непосредно пред обидот на Хари Кејн да го изведе пеналот во полуфиналето.
Исто така УЕФА покрена и истрага поради пропустите пред, за и по натпреварот во финалето против Италија.
Англиските фудбалери кои ги промашија пеналите во финалето се мета на расистички навреди


