Матеј Белистојаноски „бронзен“ на Светската карате 1 Серија во Ларнака

Матеј Белистојаноски во категоријата -60 кг. на Светската карате 1 Серија во Ларнака, во борбата за бронзениот медал триумфираше против Кристијан Сабатино од Италија со резултат 2:1.

На тој начин македонскиот каратист навестува дека ја темпира формата за настапот на Светското првенство кое ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија, во периодот од 24 до 29 октомври 2023 година.

На патот до финалето, оствари победи против Лиридон Зеналај (Белгија) 6:1, Јемал Микеладѕе (Грузија) 3:0, Билал Бузакри (Холандија) 2:0, и Моејидмохамад Могжи (Иран) 4:0, а единствено загуби од Зајад Али (Египет) 4:7.

Ова е голем успех на Белистојаноски во сениорска конкуренција, надоврзувајќи се на успесите во јуниорска и кадетска конкуренција.

На овој силен турнир во Кипар имаше над 900 натпреварувачи од 76 држави од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот