Маска за кожа од мандарини, совршена за зимските денови

Направете брзо и едноставно природна маска од мандарини која е спас за сувата кожа во студените денови.

Зимата е сезона на цитруси, а тие не се само добри за здравјето, туку и за кожата.

Цитрусите се идеални за нега на кожата, па овој едноставен рецепт би бил правилен избор за спас за сувата кожа.

Подготовка на маската

Од мандарината отстранете ја луспата, потоа истолчете ја. Додадете лажица павлака и убаво измешајте.

Маската нанесете ја на претходно исчистено лице, и оставете ја да делува 15 минути. Отстранете ја со млака вода. По маската нанесете на лицето вообичаена хидратантна крема.

Маската од мандарина во текот на студените денови нанесувајте ја еднаш неделно за да обезбедите хидратација на кожата неопходна за оваа сезона, особено ако кожата е сува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот