Машин Ган Кели ги демантира гласините за името на девојчето што го добија со Меган Фокс: „Нашата ќерка нема да се вика така“
Иако Меган Фокс и Машин Ган Кели станаа родители на девојче, сепак на јавноста не го открија името на нивната новородена ќерка.
Препорачано
Машин Ган Кели на 27 март го објави раѓањето на девојчето кое со љубов го нарече „нашето мало небесно семе (Celestial Seed)“, што многу обожаватели го протолкуваа како скриена порака за името на детето. Но, МГК брзо се огласи за да го разјасни недоразбирањето.

„Чекајте, луѓе“, напиша тој на 31 март на Инстаграм покрај скриншот од објавата за наводното име на девојчето.
„Нејзиното име не е Селестиал Сид (небесно семе)“.
А за тоа кога јавноста ќе го дознае вистинското име на девојчето МГК вели: „Нејзината мајка ќе ви го каже името кога ќе бидеме подготвени“.
View this post on Instagram
Меган и Машин Ган Кели, кои раскинаа во декември по двегодишна свршувачка, засега ги чуваат деталите за нивната ќерка, но споделија еден посебен детал за нејзиното раѓање: оригинална музичка партитура што МГК и неговиот пријател Тревис Баркер за тој специјален момент заедно ја компонирале.
„Направивме музика за породување“, напиша МГК на Инстаграм на 27 март. „Какво епско патување. Фала му на Бога“.


