Мас се надева дека талибанците ќе го исполнат ветувањето и ќе дозволат цивилите да заминат

Германија ќе чека талибанците да формираат влада за да видат дали исламистите ќе го исполнат ветувањето дека ќе им дозволат на цивилите да го напуштат Авганистан со летови од аеродромот во Кабул, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

– Талибанците ветија, но во наредните денови и недели ќе дознаеме дали можеме да сметаме на тоа, рече Мас во Исламабад на заедничката прес -конференција со пакистанскиот колега Шах Мехмуд Куреши.

– Талибанците сакаат да формираат нова влада и тоа ќе ни даде сигнал дали е исполнето нашето барање таа да биде инклузивна, додаде Мас.

Куреши, од своја страна, предупреди на бегалците од Авганистан и повика на заедничка меѓународна акција и хуманост. Тој посочи дека од 15 август, Пакистан досега евакуирал над 10.000 луѓе од Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот