Мартин и Бањаја во трката за светската титула во Мото ГП
Франческо Бањаја триумфираше на трката за Големата награда на Малезија во Мото ГП шампионатот и со тоа ја одложи промоцијата на новиот шампион до последната трка сезонава која ќе се вози во Барселона, Шпанија.
Препорачано
Дали и ова е „пирова победа“ останува да видиме, бидејќи на второто место заврши Хорхе Мартин, возачот на Прамак Дукати, кој има уште 24 бода повеќе од актуелниот шампион и е голем фаворит за освојување на шампионската титула сезонава.
Мартин имаше подобар старт на трката во „Сепанг“, но во првиот свиок влезе прешироко, а тоа Бањаја го искористи. Потоа, имаше инцидент кој изгледаше сериозен кога Џек Милер ја загуби контролата на моторото и со главата директно удри во мотоциклот на Фабио Квартараро, а потоа на нив двајцата налета Бренд Биндер.
На почетокот изгледаше катастрофално, но за среќа ниту еден возач не е тешко повреден. Беше покажано црвеното знаме, а трката продолжи дури по 20 минути.
Во продолжението на вистинската борба помеѓу Бањаја и Мартин, тие неколку пати наизменично со менуваа во водство, но Италијанецот брзо ја зголеми предноста и беше јасно дека победува.
Ена Бастијаџини заврши на третото место во Малезија. На една трка до крајот на сезоната, Мартин е првопласиран со 485 бодови, пред Бањаја со 461, додека трет е Марк Маркез со 369.


