Марота најави голем пресврт, што ќе биде со Лаутаро?

twitter/AfricaZilla

И натаму се шпекулира негово заминување од „Џузепе Меаца“, прв фаворит за неговиот потпис е Барселона која е подготвена да ја плати откупната клаузула на крајот од сезоната.

Интер вчера славеше против Сампдорија со резултат 2:1, стрелец на вториот гол беше Лаутаро Мартинез, за ​​кој се зборува скоро секојдневно околу неговата иднина.

И натаму се шпекулира негово заминување од „Џузепе Меаца“, прв фаворит за неговиот потпис е Барселона која е подготвена да ја плати откупната клаузула на крајот од сезоната.

Директорот на „неро-аѕурите“, Бепе Марота, сега раскажува малку поинаква приказна, така што би можеле да забележиме целосен пресврт кога станува збор за, како што тврдат многумина, веќе видениот трансфер на „Камп Ноу“.

Многу големи клубови го бараат Лаутаро. Тој е играч кој има огромен квалитет и многу би сакале да го ангажираат. Но, Интер нема намера да ги продаде своите најдобри играчи, па сè додека играчот не побара да го напушти клубот, тоа нема да се случи. Играчот никогаш не изрази желба да си замине, јас сум многу оптимист дека ќе го гледаме во дресот на Интер и следната сезона – рече Марота.

Аргентинскиот напаѓач има постигнато 17 голови од почетокот на сезоната и запиша четири асистенции на 33 дуели во сите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот