Марковски уште три, Хорват уште две години во тимот на Металург

Екипата на Металург ги продолжи договорите со две имиња кои ставија свој печат оваа сезона, тренерот Иван Марковски и хрватскиот репрезентативец Златко Хорват.
Марковски кој кон крајот на март седна на тренерското столче во тимот од Автокоманда и за кратко време успеа да ја консолидира екипата и да ја извлече од резултатската криза потпиша нов тригодишен договор.
– Мојата поддршка во следните три години, како предводник на стручниот штаб, ја добива Иван Марковски, заради енергијата, посветеноста, умешноста да се биде најхрабар кога е најтешко. Одлично е прифатен од екипата, која ја препороди за овој краток период и се надевам дека најдоброто допрва ќе дојде  – изјави претседателката на Металург Зорица Блажевска.

Нов договор доби и хрватскиот репрезентативец Златко Хорват, кој сезонава е убедливо најдоар играч на Металург.

Во тимот од Автокоманда веруваат дека со Марковски на клупата и Хорват како лидер на теренот, екипата ќе се врати на старите патеки.

ФОТО: РК Металург 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот