Марк Закерберг има контрола над три милијарди луѓе, а со тоа контрола и врз нивното однесување

Марк Закерберк, Фејсбук
EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Марк Закерберг има „еднострана контрола над три милијарди луѓе“ поради својата неприкосновена позиција на врвот на компанијата „Фејсбук“ – изјави проблематичарката Френсис Хоген пред британските пратеници и ги повика на силна внатрешна контрола, како би се ограничило управувањето на оваа компанија и би се намалила општествената штета.

Хоген е поранешна службеничка во „Фејсбук“, која објави десетина илјади компромитирачки документи околу внатрешното функционирање на компанијата. Таа пристина во Лондон на парламентарно сослушување и даде квалификувана поддршка на предлозите од британската влада да го регулира функционирањето на социјалните медиуми и да ги принуди да преземат поголема одговорност за содржината и она што објавуваат на нивните веб-страници, пренесува лондонскиот дневен весник „Гардијан“.

Интерната работна култура на „Фејсбук“ му дава приоритет на профитот, и според Хоген „компанијата нема волја да ги осигура системите да работат на безбеден начин“.

Хоген се изјасни:

„Додека не се воспостави противтежа, ваквите нешта ќе се работат исклучиво во интерес на акционерите, а не за јавниот интерес“, предупредувајќи дека и платформата Инстаграм е небезбедна за тинејџери и дека сите истражувања водат до тоа дека оваа социјална мрежа создава „зависници“ кои се опседнати со телесниот изглед.

„Последно што гледаат пред да заспијат, е дека некој е злобен кон нив. Прво што ќе видат наутро, се изјави полни омраза, а тоа е уште полошо“ – предупреди таа.

Франсис Хоген апелираше до „Фејсбук“ да го санкционира споделувањето на содржини со омраза и дезинформации, а да ги фаворизира содржините кои доаѓаат од семејството и пријателите.

На обвинувањата за профитерство и кршење на демократијата, основачот на Фејсбук се брани со отворено писмо

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот