Марк Маркез како во најдобрите денови: Пол-позиција за спринт трката во Шпанија
Пол-позицијата за спринт трката, четврта од сезоната во Мото ГП на Големата награда на Шпанија му припадна на возачот на „Гресини“, Марк Маркез, кој ги заврши квалификациите со време од 1:46.773.
Така, осумкратниот светски шампион го оствари дебитантското прво место во новиот тим, откако ја напушти „Репсол Хонда“.
Марко Бецеки го освои второто место со заостанување од 0,271, додека Хорхе Мартин беше трет.
Спринтот ќе се вози во сабота од 15.00 часот, додека главната трка во Херез е закажана за в недела.
Моментно во генералниот пласман кај возачите по три одржани трки води Хорхе Мартин со 80 бодови, пред Енеа Бастијанини (59) и Маверик Вињалес (56). Маркез е на осмото место со 36 бодови.
A proper rolllercoaster of emotions in this Q2 sessions 🎢@marcmarquez93 storms to his first pole since the 2023 #PortugueseGP ⚡️⚡️⚡️
Bez and @88jorgemartin will join him on the front row 👀#SpanishGP 🇪🇸 pic.twitter.com/792EmMVFyy
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) April 27, 2024