Марго Роби откри зошто инсистирала да се појави гола во контроверзната сцена во „Волкот од Волстрит“
Иако поминаа 13 години од премиерата на филмот „Волкот од Волстрит“ (The Wolf of Wall Street), остварувањето на режисерот Мартин Скорсезе и понатаму привлекува нова публика, фасцинирана од вистинската приказна за Џордан Белфорт.
Препорачано
Филмот има импресивна актерска екипа, предводена од Леонардо Дикаприо, а покрај него настапуваат и Џона Хил, Метју Меконахи, Марго Роби, покојниот Роб Рајнер, Џоана Ламли и Џон Бернтал.
Иако поголемиот дел од актерите веќе беа светски познати, Марго Роби во тоа време сè уште не беше широко препознатливо име. Улогата на Наоми, втората сопруга на Белфорт, била првиот контакт на публиката со актерката која подоцна стана глобална ѕвезда.
Интересно е што токму таа донела една од најхрабрите одлуки на снимањето – инсистирала една од сцените да биде снимена без облека, иако режисерот предложил тоа да не биде неопходно.
Во поткастот „Токинг пикчрс“, Роби откри дека Скорсезе ѝ понудил да носи наметка доколку не се чувствува удобно.
„Тоа не е нешто што таа би го направила во таа сцена. Поентата е дека таа ќе излезе целосно гола, тоа е нејзиниот потег“, изјави актерката.

Таа откри и дека активно учествувала во креирањето на одредени сцени, вклучително и идејата за интимен момент меѓу ликовите пред нивната разделба.
„Во сценариото претходно само влегував и барав развод. Но, вечерта пред снимањето, со Скорсезе и Дикаприо го преработивме сценариото и дојдовме до нови идеи“, објаснила таа.
Роби истакна дека атмосферата на снимањето била креативна и слободна, а актерите биле охрабрени да импровизираат.
Интересен момент од нејзината аудиција е и тоа што наместо да го бакне Дикаприо, таа го удрила, што предизвикало смеа кај режисерот и актерот.
„Настана тишина од неколку секунди, а потоа сите почнаа да се смеат. Помислив дека ќе ме уапсат“, се пошегувала Роби.
Токму оваа улога ѝ ја отвори вратата кон Холивуд и ја вброи меѓу најбараните актерки на денешницата.
ВИДЕО | „Кутар тој“: Сите го жалат сопругот на Марго Роби по нејзината изјава


