МАПАС: Средствата од задолжителните пензиски фондови се во сопственост на членовите

Секоја краткорочна мерка поврзана со интервенција во капитлано финансирано пензиско осигурување ќе влијае негативно на долг рок и ќе го зголеми фискалниот товар на идните генерации, се вели во соопштението од МАПАС.

Средствата на задолжителните пензиски фондови се во сопственост на членовите на пензиските фондови. Тие се евидентирани на индивидуални сметки во пензиските фондови и претставуваат личен имот на членот. Секоја интервенција врз средствата на членовите е исто како интервенција во штедна сметка во банка, удели во инвестициски фонд и слично. Секоја интервенција на уплатата на придонесите на индивидуалните сметки го загрозува износот на пензијата на идните пензионери, порачуваат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Една од целите поради кои е креиран вториот столб, велат од Агенцијата, е во иднина да се намали фискалниот товар на државата при исплата на пензиите.

-Секоја краткорочна мерка поврзана со интервенција во капитлано финансирано пензиско осигурување ќе влијае негативно на долг рок и ќе го зголеми фискалниот товар на идните генерации, се вели во соопштението од МАПАС. Оттаму потенцираат дека во моментов во задолжителните пензиски фондови членуваат околу 515.000 членови.

Од МАПАС посочуваат дека оваа реакција следува по објавените информации во медиумите за примена на мерки за помош на економијата преку интервенција во вториот столб од пензискиот систем на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот